Кралицата Елизабета не дозволува мобилни, ниту јадење со отворена уста за време на ручекот

Како најдолговечниот монарх во историјата, не изненадува што кралицата Елизабета Втора (96) сака луѓето околу неа комплетно да се придржуваат кон правилата. Дури и кралското семејство има низа протоколи кон кои мора да се придржува, пишува британски „Мирор“.
Кралскиот стручњак Жил Брендрет раскажа за кралицата и нејзините правила додека е на ручек. Тој вели дека кралицата не одобрува лошо однесување на масата.
„Една од работите што не им ја дозволува на своите внуци, па дури и на правнуците, се мобилните за време на ручекот. Таа сака формален оброк. Тоа не значи дека мора да имате костум, но морате убаво да седите на масата и никако не смеете да јадете со отворена уста“, вели Брендрет.
Традиционално, ножот се држи со десната, а виљушката со левата рака. Членовите на семејството мора да го постават приборот за јадење на правилен начин за да дадат до знаење дека завршиле со јадењето.
Поранешниот кралски готвач Дарен Мекгрејди вели дека кралицата има правило во своето мени, не смее да има скроб по појадокот. Ова правило се занемарува само ако се работи за државничка вечера. Таа најчесто за вечера избира печена риба или пилешко со зеленчук и салата, вели тој.
Мекгрејди додава дека нејзино цврсто правило е избегнување лук како состојка во јадењата. Продукти што кралицата не ги сака се компир и тестенини.

Scroll to Top