Кралицата Елизабета нема да присуствува на крштевката на синот на Хари и Меган

Кралицата Елизабета II ќе го пропушти крштевањето на својот правнук Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл, кое ќе се одржи денес во Виндзор, пренесува „Мирор“.

Извори блиски до британското кралско семејство тврдат дека Меган и Хари требало да одберат подобар датум, за да кралицата присуствува на крштевката.

Нејзиното неприсуство е оправдано, затоа што кралицата веќе имла претходно договорени обврски. Крштевањето првично било планирано да се одржи во петок, но војводата и војвотката од Сасекс сватиле дека ниту принцот Чарлс ниту кралицата Елизабета нема да можат да присуствуваат на церемонијата.

Целата организација е поместена за еден ден, за да може Чарлс да се врати од Велс, каде го одбележува јубилејот 50 години како принц од Велс.

Но, кралицата сепак ќе мора да го пропушти крштевањето, затоа што веќе договорила викендот да го мине во Сандрингам со принцот Филип, откако цела недела ја минала во Шкотска.

Тоа е еден од најважните настани за кралицата Елизабета. Таа секоја година ова време извршува задачи ширум Шкотска, додека престојува во својата официјална резиденција во близина на северната граница.

Потоа договорила патување во Сандрингам, наместо да се врати во Лондон. Ваквата ситуација ги изненадила дел од персоналот во Бакингемската палата. Еден од членовите на персоналот изјавил дека нејзиното височество веќе ги закажало своите обврски во Шкотска.

Кога се осврнал на Меган и Хари, тој изјавил дека поединци веруваат дека сепак кралската двојка требале да одберат подобар датум за крштевската. Извор близок до кралското семејство истакнува дека принцот Хари и Меган Маркл сакале што побрзо да го крстат своето дете, пред нивните пријатели да отпатуваат на летување.

Овој викенд им одговарало на сите. Кралицата Елизабета II не присуствуваше ниту на крштевката на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Луис. Мајката на Меган Маркл ќе се врати од САД за да присуствува на крштевката на нејзиниот внук.

Таа се пресели кај Хари и Меган по раѓањето на бебето, за да ѝ помогне на својата ќерка. Но, неодамна таа се врати во Калифорнија. Крштевката ќе се одржи во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде принцот Хари и Меган Маркл се венчаа минатата година.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе присуствуваат на церемонијата на крштевањето, најверојатно во друштво на своите деца, принцовите Џорџ и Луис, како и принцезата Шарлот.

Scroll to Top