Мајката на Меган Маркл, Дориа Рагланд како што пренесуваат медиумите во Британија, овој Божиќ ќе го мине во друштво на кралското семејство во Велика Британија.
Дориа наскоро ќе добие службен повик, божиќните празници ги мине во друштво со кралското семејство во палата Шандингхам, односно во приватниот дом на кралицата Елизабета Втора, пишува Дејли Мејл.
Кралицата наводно е потврдено дека ќе ја покани 62 годишната Додија да го мине Божиќ со кралското семејство за да покаже нежен гест кон трудната војвотка, што изгледа сосема неочекувано и изненадувачки потег на кралицата, затоа што членовите на семејството Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, тоа никогаш не го доживеале.
Тoа ќе биде преседан во кралското палата. Освен почитта кон војвотката, причина за покана на Дориа од страна на кралицата, веројатно е тоа што Меган нема роднини во Велика Британија.
Дориа со Меган била и на венчавката со принцот Хари како една од членките на нејзиното семејство, а последен пат ја посетила во септември.