Кралицата Елизабета стана прабаба 12. пат: се породи принцезата Беатрис

Британската кралица Елизабета 12. пат стана прабаба откога нејзината внука, принцезата Беатрис, роди девојче во саботата, објави Бакингемската палата.

„Нејзиното кралско височество, принцезата Беатрис, и г. Едуардо Мапели со задоволство објавуваат дека нивната ќерка се роди безбедно во болницата ‘Челси и Вестминстер’ во Лондон во саботата, 18 септември. Бабите, дедовците, прабабите и прадедовците беа информирани и воодушевени од веста. Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Ова ѝ е прво дете на принцезата Братрис, а второ на нејзиниот сопруг, кој има син, Кристофер Волф, од претходната врска.

Бебето е 12. правнук на кралицата, второ родено по смртта на војводата од Единбург. Во јуни принцот Хари и Меган Маркл ја добија ќерката Лилибет.

Scroll to Top