Кралицата има привилегии за кои другите членови во семејството можат да сонуваат

Кралицата Елизабета II ужива бројни привилегии кои ги носи положбата на еден монарх. Привилегии за кои експертите велат дека многу членови од кралското семејство можат само да сонуваат.

Тие велат дека кралицата никогаш не може да биде уапсена и однесена во затвор. Во целост е безбедна од гонење од страна на органите на редот.

Кралското семејство е поштедено од барањето за добивање на информаии. Тие можат на медиумите да им откријат само онолку колку што сакаат. Не мораат да делат никакви информации во јавност, ако тоа не го сакаат.

На кралицата не ѝ е потребна возачка дозвола за да седне зад волан. Според законот таа може да вози без дозвола, а научила да вози за време на Втората светска војна, кога возела камион за итна помош.

На кралицата не ѝ е потребен пасош за да патува. Сите британски пасоши се издадени со знакот на кралицата Елизабета II, па оттука е беспотребно да има и таа еден. Останатите членви на кралското семејство мораат да имаат пасош кога патуваат. Тоа се однесува и на принцот Филип и на принцот Чарлс.

Кралицата ја има таа привилегија да го слави роденденот два пати. Нејзиниот официјален роденден е на 21. април. Другата прослава се организира другата сабота во јуни и станува збор за голема шарена парада. Традицијата ја започнал кралот Џорџ II. Се одржува во јуни затоа што во тој период тогаш времето е убаво.

Кралциата има и свој личен банкомат, кој се наоѓа во подрумот на Бакингемската палата. Таа не мора да плаќа данок. Сепак кралицата Елизабета, доброволно почнала да плаќа уште од 1992 година.

Таа е сопственик на многубројни животни. Многумина знаат за нејзините Корги кучиња, а сопственичка е и на животни во британските води како што се делфини и китови. Кралицата има и свој личен посател. Неговото име е Корал Ен Дафи, а нејзината работа е од државно значење.

Елизабета се наоѓа на чело на една религија, стои во видеото кое го објавил Sarcasm. Таа се наоѓа на тронот на англиската црква. Не може да се преобрати во ниту една друга религија или да почне да оди во некоја друга црква.

Кралицата Елизабета II е кралица на Австралија. На тронот е од 6. февруари 1952 година, а нејзиниот претставник е гувернер Монарх, во уште неколку други земји. Некои од нив се Канада, Бахами и Барбадос.

Scroll to Top