Војвотката од Сасекс наскоро со кралицата Елизабета ќе замине на првото службено патување и тоа без придружба на својот сопруг. Кејт Мидлтон за ваквиот настан морала да чека година дена.
Кога Меган ќе се врати од меден месец, со кралицата ќе отпатува во Честер на отворањето на културен центар, а потоа ќе присуствува на свечениот ручек во Градската сала. Тоа ќе биде нејзиното прво службено појавување без принцот Хари.
На овој кралски гест, медиумите гледаат како уште на еден пример на галантниот влез на поранешната американска актерка во монархијата. Кејт Мидлтон, морала да чека година дена откако се омажила за принцот Вилијам за вакво патување.
„Незаборавно ми беше патувањето во Лечестер. Отидов без Вилијам и бев прилично уплашена. Но, кралицата цело време ми даваше поддршка. Факт е дека таа издвои време и се погрижи јас да бидам среќна, а мене тоа ми значеше премногу“, истакнала војвотката од Кембриџ во документарецот „Наша кралица“.
Експертот за кралското семејство, Кели Линч, смета дека не се работи за специјален третман и наведува дека во случајот со Кејт и Вилијам повикот следел нешто подоцна, затоа што им овозможила повеќе слобода за да тие поминат заедно.
„Кога Вилијам ја прифатил улогата во спасувачки воен проект, кралицата одлучила дека е време да ја поведе Кејт на турнејата“, вели Кели.
Но многумина остануваат на ставот дека кралицата повеќе ја сака Меган отколку Кели, а за тоа говори и фактот дека сопругата на Хари ја запознала само месец дена откако двајцата се вериле. Кејт од друга страна само ја гледала на социјалните настани додека се забавувала со Вилијам, но се немале запознато речиси пет години колку што биле во врска со Вилијам.
Линч смета дека кралицата со години се помалку се држи до формалноста, дека повеќе не е толку крута и сигурно не ја фаворизирала Меган намерно.