Кралицата се врати на работа четири дена по смртта на принцот Филип

Кралицата Елизабета се врати на работа четири дена по смртта на нејзиниот маж, принцот Филип. Таа денес беше домаќин на церемонијата за пензионирање на поранешниот лорд чембрлен Ерл Пил. Лорд чембрлен е најстара офицерска улога во кралското домаќинство.

„Иако се соочува со најтешкиот период во животот, кралицата смета дека е нејзина должност да му оддаде почит и на лордот Пил, кој со години беше нејзин близок соработник последните 14 години“, пишува „Дејли меил“.

Ерл Пил, кој беше на оваа функција долги години, ги надгледуваше аранжманите за погребот на војводата од Единбург, што ќе се одржи на 17 април. Откако беа завршени сите подготовки и протоколи околу самиот погреб, тој денес се повлече од функцијата.

„Семејството на кралицата ќе помогне во сè што треба и ќе биде покрај неа, но таа ќе продолжи да работи нормално и понатаму. Таа разбира дека има кралски должности, тоа го правела целиот свој живот. А и принцот Филип ќе сакаше да знае дека Елизабета да е окупирана со активности за полесно да ја надмине тагата и неговата смрт“, рекол анонимен извор близок со кралското семејство за магазинот „Пипл“.

Кралскиот експерт Ангела Левин смета дека кралицата (94) ќе седи сама на погребот на нејзиниот сопруг и нема да дозволи некој да биде покрај неа и да ја теши.

„Таа е жена со исклучителна внатрешна сила. Не верувам дека кралицата Елизабета, која ги има најцврстите горни усни во светот, би дозволила некој да седи до неа. Верувам дека таа нема да покаже јавно дека се распаѓа од тага и болка, дури ни кога ѝ е најтешко“, рекла Левин.

За потсетување, принцот Филип почина на 99 години, покрај сопругата, во замокот Виндзор. Погребот ќе се одржи на 17 април, а според британските медиуми, на погребната церемонија ќе присуствуваат само 20 најблиски членови на семесјтвото.

Scroll to Top