Кралот Чарлс испрати поддршка до англискиот тим и со изјава ги насмеа луѓето

Кралското семејство деновиве е посветено на Европското фудбалско првенство. По победата на Англичаните над Холанѓаните и нивниот пласман во финалето, на честитките се приклучи и кралот Чарлс кој испрати убава порака до националниот тим.

Се е објавено на кралскиот официјален Инстаграм профил.

„Јас и мојата сопруга, како и целото наше семејство, најискрено сакаме да ви честитаме за влезот во финалето и да ви посакаме се најдобро за натпреварот во недела“, се вели во објавата.

Кралот малку се пошегува, а потоа напиша: „Сакам да ве охрабрам да обезбедите победа пред да има потреба од чудесни голови во последен момент или друга драма во пенал серијата, сигурен сум дека стресот, отчукувањата на срцето и крвниот притисок на нацијата значително ќе се намалат.

„Кралот зборува во името на сите Англичани“, „Ми се допаѓа оваа порака“, „Одличен британски хумор“, беа дел од коментарите на нивните следбеници.

Еден од следбениците дури се пошегува и праша „дали, ако победиме, понеделник може да биде неработен ден“.

Scroll to Top