Кралот Чарлс наводно е подготвен да се смири со Хари, но има два услови

Oдносите меѓу принцот Хари и кралското семејство веќе некое време се затегнати, особено откако тој престана да ги извршува кралските должности и се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Сепак, неговиот татко, кралот Чарлс, изгледа е подготвен за помирување за својот син.

„Кралот Чарлс би сакал да биде поблизок со Хари и да има врска со неговиот син кој навистина функционира. Но, тоа зависи од тоа дали Хари ќе ја исполни желбата на неговиот татко – да престане да пишува книги и да дава срамни интервјуа“, рекол кралскиот експерт за Мирор ,Том Квин, осврнувајќи се на автобиографијата на Хари, во која тој ги нападна членовите на кралското семејство, особено неговиот татко и постариот брат принцот Вилијам.

Квин додаде дека Хари исто така ќе мора да се откаже од ставот на жртва.

Неговите коментари доаѓаат откако претходно овој месец почнаа гласините дека принцот Хари бара дом во Обединетото Кралство.

„Како што одминува времето, на Хари му недостигаат некои аспекти од стариот живот во Велика Британија. Периодот на меден месец каде што сè е ново и возбудливо во Соединетите Држави завршува, а Хари го гледа минатото низ розови очила“, рече Квин.

Scroll to Top