Кралските јатрви Меган и Кејт не се поднесуваат

Меган Маркл и Кејт Мидлтон не можат да се поднесат една со друга, пишуваат британските медиуми. Војвотката од Сасекс, заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари одлучиле да ја напуштат Кенсингтонската палата, затоа што не сакаат да живеат во близина на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Меган и принцот Хари во моментов живеат во двособен стан во Кенсингтонската палата, додека едниот дел се реновира за да кралската двојка добие поголем и простран животен простор.

Меган и Хари наскоро се очекува да се преселат во Апартманот 1, поточно во делот на палатата кој има 21 соба и за чие реновирање се вложени 1,6 милиони долари. Доколку се преселат ќе станат први комшии на Кејт и Вилијам кои живеат во Апартманот 1А.

Но, англиските медиуми пишуваат дека Меган и Хари сакаат да живеат во поголем и простран дом, поради нивната принова која ја очекуваат на пролет, но дека не сакаат да се вселат во Апартманот 1, поради тоа што не сакаат да им бидат први комшии на Кејт и Вилијам.

Ваквата реакција на Меган и Хари само ги поттикна шпекулациите за лошите односи кои ги имаат двете јатрви Кејт и Меган.

„Наскоро принцовите ќе имаат одвоени работи и одвоени животи. Зошто би морале да живеат во Кенсингтонската палата? Имаат толку други опции и пари за да купат куќа некаде на друго место во Лондон“, вели извор близок до кралското семејство.

Scroll to Top