Кралско селфи: Тејлор Свифт објави фотографија со принцот Вилијам и неговите деца

Присуствувајќи на настапот на Тејлор Свифт на стадионот Вембли, идниот крал бил забележан како танцува на „Shake It Off“ додека го прославувал својот 42-ри роденден, објави „Скај њуз“.

Лидерот на лабуристите, Кир Стармер, исто така присуствуваше на отворањето на турнејата на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт Ерас во Лондон.

Тејлор Свифт објави фотографија со Вилијам и неговите деца Џорџ и Шарлот.

Сопругата на Вилијам, принцезата Кејт, во март објави дека боледува од рак и ги откажа сите ангажмани до крајот на годината.

Scroll to Top