Принцот Вилијам, кој со сопругата Кејт беше во посета на едно училиште во Лондон, првпат јавно го коментира интервјуто на својот брат Хари и на Меган Маркл кај Опра Винфри. На инсистирање на новинарот да му одговори на прашањето дали британското кралско семејство е расистичко, како што беше претставено во интервјуто, Вилијам рекол: „Ние воопшто не сме расистичко семејство“.
Тој кажал и дека не зборувал со Хари по емитувањето на интервјуто, но дека сака да разговараат што е можно побргу.
За потсетување, Меган изјави дека некои членовите на британското кралско семејство биле загрижени за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи пред да се роди. Тие разговарале за тоа со Хари, а нејзиниот сопруг ѝ раскажал за нивните коментари. Меган и Хари не кажаа кој имал расистички коментари, ниту открија детали од разговорот, но по интервјуто, Опра, со дозвола од војводата од Сасекс, кажа дека кралицата Елизабета и принцот Филип никогаш не разговарале со него за бојата на кожата на Арчи.