Крис Прат бил бездомник пред да ја добие првата улога во Холивуд

Актерот Крис Прат, кој денес е еден од најпопулaрните глумци во Холивуд, пред да се прослави, бил бездомник.

Популарниот глумец, кој е ѕвезда на филмовите „Паркот Јура“ и „Чувари на галаксијата“, во едно скорешно интервју откри дека пред да почне да глуми, неколку месеци живеел на улица, спиел под мостови, а од парите што ги заработил, купил старо комбе за да знае кај ќе спие секоја ноќ.

„Долго време живеев во своето комбе на Хаваи. Работев во еден ресторан за минимална плата, но решив дека тоа не е за мене. Оттаму се преселив на западниот брег, патував и продавав купони на случајните минувачи. Кога стигнав во Калифорнија, си реков, ‘а зошто да не пробам да глумам’ и за кратко време ја добив првата улога“, рекол Прат.

Во Холивуд ја запознал и својата прва жена, глумицата Ана Фарис со која има син. По разводот, почна да се гледа со ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, со која е во брак скоро две години и имаат ќерка.

Scroll to Top