Манекенката Криси Тајген е пренесена во болница во петтиот месец од бременоста поради обилно крвавење од плацентата, пишува „Ентертејнмент тунајт“. Ова е трета бременост за 34-годишната сопруга на Џон Леџенд.
Таа вчера се вклучи во живо на „Инстаграм“ од нејзината болничка соба и зборуваше за компликациите со кои се соочувала во последните месеци. Потоа им откри на своите фанови дека поминала цел ден и цела ноќ во болница откако само лежела во кревет со недели.
„Чудно е затоа што се чувствувам добро. Обично сум многу среќна бремена жена, секогаш добро расположена. Посреќна сум отколку кога не бев бремена. Затоа ми е тешко да прифатам дека тоа се случува“, вели таа во видеото.
„Бебето е здраво и големо. Многу се движи. Едвај чекам да го запознам малото момче. Тој е најсилното мало момче во куќата што се распаѓа“, додаде таа алудирајќи на сопствената матка.
„Сепак, тој немаше добра основа од самиот почеток. Тој не ја доби вистинската можност. Едноставно, тешко е затоа што не можете да направите многу. Би било опасно да пробате нешто. Во суштина, ако успеам да преживеам следните неколку недели и ако момчето успее да преживее во следните неколку недели, тогаш ќе знаете дека најлошото помина“, рече таа.
Таа исто така ги замоли обожавателите да престанат да ѝ даваат медицински совети и да поставуваат дијагнози.
„Се чувствувам навистина вознемирено и нервозно како да сум направила нешто лошо“, откри Тајген во видеото.
Нејзиниот сопруг Џон Леџенд цело време е со неа во болницата, па Криси и него го сними во видеото што го објави. Двојката веќе ги има четиригодишната ќерка Луна и двегодишниот син Мајлс.