Криси Тиген објави прва заедничка фотографија од децата

Моделот Криси Тиген, сопруга на поп-ѕвездата Џон Леџенд ја објави првата заедничка фотографија од својата ќерка Луна и новородениот син Мајлс, кој има само 15 дена.

Криси на „Твитер“ на 17 мај објави дека таа го родила второто дете и брзо потоа ја сподели првата фотографија од бебето. Криси и Џон се во брак од 2013 година, но не кријат дека долго време се бореа со неплодност. Тие признаа дека двете деца ги добија со ин витро оплодување.

Scroll to Top