Кристен Стјуарт ќе глуми во „Чарлиевите ангели“

By

Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска ќе глумат во новата верзија на култната серија „Чарлиевите ангели“. Режисерка на филмот ќе биде глумицата Елизабет Бенкс. Таа е и ко-сценаристка и продуцентка, а ќе го глуми и ликот на Бозли.

„’Чарлиевите ангели’ е еден од оригиналните брендови кои ја слават женската моќ. Филмот ќе претстави нова ера на модерни и глобални ангели“, рекла Бенкс.

Премиерата на филмот е најавена за септември 2019 година. Во претходните два филма, кои беа снимени на почетокот на овој век, главните улоги ги имаа Камерон Дијаз, Дру Баримор и Луси Лиу.

Ќе ви се допадне