Кристен Стјуарт ќе ја глуми принцезата Дијана во нов биографски филм

Ѕвездата на серијалот „Самрак“, глумицата Кристен Стјуарт, ќе ја глуми Лејди Ди во новиот филм посветен на разделбата на принцезата од принцот Чарлс. Филмот веќе има наслов, „Спенсер“, според моминското презиме на Дијана.

Дејствието на филмот ќе се случува на почетокот на 1990те години, а сценариото го пишува Стивен Најт, авторот на хит-серијата „Пики блајндерс“.

„Кристен Стјуарт е една од најдобрите актерки на денешнината. Ова е приказна за идентитетот, за тоа како една жена решава да не биде кралица. Таа е жена која низ филмот сфаќа дека повторно сака да биде жената која беше пред да го запознае принцот Чарлс“, изјави режисерот Пабло Лараин.

Дијана Спенсер се ожени со Чарлс во 1981, се разделија во 1992 и се разведоа во 1996 година. Tаа почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

 

Scroll to Top