Кристен Стјуарт се соблече боса на црвениот тепих

Американската актерка Кристен Стјуарт се појави на премиера на филм во Кан, при што ги соблече своите чевли и шеташе боса по црвенито тепих.

Отако заземала поза за камерите на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, Стјуарт ги соблекла своите скапи црни „лобутанки“ и влегла на премиерата боса, носејќи ги чевлите во раце.

Со овој потег, актерката протестирала против правилата на фестивалот според кои на жените не им е дозволено на црвениот тепих да се појават во рамни обувки, туку мора да носта штикли.

– Работите мораат веднаш да се менуваат – изјавила Кристен Стјуарт минатата година на дискусија.

Во 2015 година на група средовечни жени им бил забранет влез на прикажување на филмот „Керол“, бидејќи дошле во рамни чевли, а претставниците на фестивалот одбиле да го признаат овој инцидент.

Scroll to Top