Манекенката Кристи Бринкли тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидувал да ѝ се додворува додека бил во брак со Ивана.
Бринкли опиша една ситуација кога додека била во врска со Били Џоли добила порака од Трамп.
„Тој ми напиша: ‘Здраво, Доналд е. Слушам дека патуваш за Аспен утре. И јас исто така. Сакам да ти понудам лет со мојот приватен авион’“, вели манекенката. „Одговорив: ‘Фала, но веќе го резервирав мојот лет’. Знаев дека е оженет, се обидуваше на некој начин да флертува со мене, се обидуваше да дојде до нов фустан“.
Таа додала дека останала дискретна и дека веќе била на вечера со него. Го опишала како некој кој постојано се фали со своето богатство“.
Од Белата куќа не стигна никаков одговор, пишува „Бизнис инсајдер“.