Кристијан Греј третпат стана татко

Глумецот Џејми Дорнан, кој се прослави со улогата на Кристијан Греј во филмот „50 нијанси сиво“, неодамна стана татко. Неговата сопруга Амелија Ворнер роди девојче. Ова е трета ќерка на глумецот, тој ги има и ќерките Дулси (5) и Елва (3).

Веста за раѓањето на бебето ја објави Амелија, која на „Инстаграм“ сподели слика од три пара детски чевли. „Горда сум на моите три совршени девојки, чест ми е што сум нивна мајка“, напиша таа.

Глумецот, пак, неодамна откри дека обожава да се дружи со своите ќерки. Тој во интервју кај Џими Кимел тогаш откри дека третото дете ќе биде најверојатно нивно последно.

„Време е да кренеме рачна кочница. Ама, никогаш во животот ништо не е сигурно“, рекол тој во интервјуто во кое ја најави бременоста на сопругата.

Scroll to Top