Кристијан Слејтер доби ќерка со 19 години помладата сопруга

Американскиот глумец Кристијан Слејтер и неговата сопруга Британи Лопез (31) добија ќерка, пренесе магазинот „Пипл“.  На 50-годишниот Слејтер ова му е трето дете, а на неговата помлада сопруга ѝ е прво. Тој има син, Џејден (20) и ќерка Елиана (18). Тие ги доби во брак со неговата поранешна сопруга Рајан Хедон.

Кристијан и Британи се венчаа пред шест години, а се запознаа на одмор на Флорида.

Глумецот се прослави со улогите во филмовите „Интервју со вампирот“, „Робин Худ: Принцот на крадците“ и „Скршена стрела“, а последнната улога ја имаше во серијата „Господинот Робот“.

Scroll to Top