Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо во емисијата „Добро утро Бритаијо“, со Пирс Морган, најави дека наскоро ќе се венча со неговата девојка Георгина Родригез. Роналдо објаснил дека таа е љубовта на неговиот живот и дека во блиска иднина ќе и подари прстен и ќе ја побара за жена.
Португалецот објаснил дека тоа ќе ја усреќи и неговата мајка и дека тоа отсекогаш било нејзиниот сон.
„Гоергина многу ми има помогнато во животот. Се разбира дека сум заљубен во неа. Еден ден ќе се венчаме. За тоа сонува и мојата мајка. Георгина ми го отвори срцето, а и јас на неа“, изјавил Роналдо.
Роналдо со Георгина ја има ќерката Алан, а сурогат мајка му го родила синот Кристијано Јуниор и двегодишните близнаци Ева и Матео. На едната сурогат мајка и платил 12, а на другата 19 милиони евра.
Роналдо изјави дека со Георгина се заедно од 2016 година, а прв пат се запознале во еден дуќан каде таа работела како продажен асистент. Подоцна повторно се сретнале на некои од настаните.
Георгина едно време открила дека врз неа е направен медиумски притисок, затоа што е во врска со најпознатиот фудбалер на денешницата.
„Не е лесно кога партнерот ти е позната личност, но јас не би го променила тоа за ништо на светот. Тоа што го чувствувам кон него е посилно од било што“, изјавила Георгина.
Роналдо во интервјуто се осврна и на обвинувањата за силување и како тој настан влијаел на неговото семејство.
„Тешко е кога ќе си поиграат со твоето достоинство. Имаш девојка, семејство, деца. А во прашање ја доведоа и мојата искреност, нешто што ми падна многу тешко. Се сеќавам еден ден кога бев во мојот дом со мојата девојка и гледавме телевизија. На вести видовме како се споменува моето име дека го направил ова или она. Во тие моменти слушнав како децата се симнуваат по скалите и веднаш го променив каналот“, изјавил Роналдо.
Португалските медиуми пишувале дека мајката која му го родила првото дете за дискреција и било платено 12 милиони евра. Нејзиниот идентитет не е познат до ден денес, исто како и на мајката која му ги родила близнаците. На неа, Роналдо наводно и платил 17 милиони евра, за да молчи, пишуваа португалските медиуми.