Кристијано Роналдо отвора клиника за трансплантација на коса во Италија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во септември ќе отвори клиника за трансплантација на коса во Милано. Неговата групација Insparya, која ја основаше заедно со менаџерот Пауло Рамос, е посветена исклучиво на дијагноза, третман и истражување на алопецијата, а се смета дека е европски лидер во трансплантацијата на коса.

Клиниката во Милано е дел од проектот на фудбалерот за проширување на нивниот бизнис. Според медиумите, Роналдо ќе отвори клиники во неколку земји во следните три години. За инвестиции се предвидени околу 20 милиони евра, а клиниката во Италија ќе чини над 2 милиони. Новоизградената клиника е со модерен дизајн, на површина од над 1.300 метри квадратни.

Тимот што ќе оперира на клиниката вклучува 100 професионалци, а на располагање се ставени 14 операциони сали.

Scroll to Top