Куба Гудинг Јуниор повторно обвинет за силување

Американски глумец Куба Гудинг Јуниор се соочи со нови обвинувања за сексуална злоупотреба. Овој пат 52-годишниот оскаровец е обвинет дека силувал жена двапати во 2013 година. Неговата наводна жртва рекла дека инцидентот се случил во хотелската соба на Гудинг во Њујорк.

Кога го запознала актерот, тој ја поканил во хотелот „Мерцер“, каде што престојувал, и ѝ рекол сама да се пресоблече. Жената сакала да ја напушти собата кога тој почнал да се соблекува. Актерот, наводно, ја блокирал вратата, ја турнал во креветот и ја силувал.

Адвокатот на Гудинг, Марк Џеј Хелер, ги негира обвиненијата против неговиот клиент.

Гудинг, кој освои „Оскар“ за споредна улога во филмот „Џери Мекгваер“, веќе се соочува со шест точки од обвинението за сексуална злоупотреба и присилно допирање. Тој се изјасни за невин по обвиненијата дека сексуално малтретирал три жени во клубови во Њујорк.

Scroll to Top