Квентин Тарантино сака да сними трет дел од „Убиј го Бил“

Познатиот режисер Квентин Тарантино сака да сними уште еден, последен дел, од култниот филм „Убиј го Бил“. Ова го откри во шоуто на Енди Коен.

„Вчера вечерав со Ума Турман во еден кул јапонски ресторан. И додека јадевме сфативме дека сакаме да снимиме трето продолжение на ‘Убиј го Бил’. Веќе имам идеја како би сакал да се одвива приказната, а и Ума е заинтересирана. Но, се договоривме дека нема да го правиме веднаш, туку за околу една година“, рекол режисерот.

Тарантино, кој во моментов сè уште е актуелен со филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, неодамна изјави дека ќе престане да снима филмови кога ќе го заврши десеттиот филм. „Си беше еднаш во Холивуд“, со Бред Пит и Леонардо ди Каприо е негов деветти филм.

Scroll to Top