Лага e дека сум во врска со Илон Маск, се огласи сопругата на коосновачот на „Гугл“ за аферата со милијардерот

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, ги демантираше пишувањата на Вол Стрит Журнал за наводната љубовна врска со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на Гугл, Сергеј Брин, поради што двајцата наводно се разведуваат, а Никол проговори и за тоа.

Преку нејзиниот адвокат, Шанахан дури отиде дотаму што сугерираше дека гласините се клевета.

„Не правете грешка, секоја сугестија дека Никол имала афера со Илон Маск не само што е чиста лага, туку и клевета“, изјави нејзиниот адвокат Брајан Фридман за Daily Mail.

Брин и Шанахан минатиот месец открија дека се разведуваат по четири години. Маск претходно изјави дека во тие четири години ја видел Никол само три пати и дека тој и Брин биле пријатели.

Scroll to Top