Леди Ди ја победи Елизабета Втора: четири „Златни глобуси“ за „Круна“

Хит-серијата „Круна“ е меѓу големите победници на доделување на „Златните глобуси“. Серијата за британското кралско семејство доби четири награди, меѓу кои и за најдобра драмска серија. Досега се снимени четири сезони, а најавени се уште две,

Џилијан Андерсон, како премиерката Маргарет Тачер, освои „Глобус“ за најдобра споредна улога, Ема Корин (25), како принцезата Дијана, е најдобра актерка, а Џош О’Конор, како принцот Чарлс, е најдобар актер.

Последната сезона го опфаќа периодот од крајот на 70-тите, преку свадбата на Чарлс и Дијана до проблемите во нивниот брак и најавата за развод.

Корин, која пред „Круна“ беше непозната во јавноста, во својата категорија ја победи оскаровката Оливија Колман, која ја игра кралицата Елизабета Втора.

„Дијана, ти благодарам многу. Ти ме научи на разбирање и емпатија повеќе одошто можев да замислам“, рече Корин кога ја прими наградата.

Scroll to Top