Легендарниот фустан на Мерилин Монро е најскапиот филмски костим

Сцената од филмот „Седум години верност“  во која Мерилин Монро стои над решетките на метрото стана легендарна. Фустанот што го носеше во тој филм од 1955 година собори и светски рекорд.  Коктел фустанот со боја на слонова коска, дизајниран од оскаровецот Вилијам Травиља, е една од најлегендарните облеки во историјата на филмот и најскапиот филмски костим на сите времиња, според Гинисовата книга на рекорди.
Фустанот беше продаден на аукција во 2011 година за 4,6 милиони долари. Цената го собори рекордот што претходно го постигна црниот фустан на Живанши што го носеше Одри Хепберн во филмот „Појадок кај ‘Тифани’“.  Истиот фустан го носеше и актерката Роксан Арлен за улогата на г-ѓа Робертс во Bachelor Flat во 1961 година.

 

Scroll to Top