Лејди Гага блесна на промоцијата во Лос Анџелес

Холивудската ѕвезда Лејди Гага отсекогаш знаела да го привлече вниманието со својата појава на црвениот тепих. Таа неодамна се појави на премиерата во Лос Анџелес за својот најнов филм „Куќата на Гучи“ во блескав плисиран златен фустан до подот, без ракави, креација на модната куќа „Валентино“.

Нејзиниот изглед беше надополет со блескав дијамантски накит, чокер и обетки, а шминката ѝ беше адекватно драматична, составена од смели зачадени очи, густ и темен ајлајнер и впечатливи веѓи.

Долгоочекуваниот филм „Куќата Гучи“ (анг. House of Gucci) е направен според вистинска приказна, која го следи убиството на италијанскиот моден магнат и прв човек на брендот „Гучи“, нарачано од неговата поранешна сопруга, која потоа го доби прекарот црната вдовица.

Покрај Гага, која ја толкува улогата на Патриша Реџани, глуми и Адам Драјвер во улогата на Маврицио Гучи. Во другите улоги се јавуваат и Џерад Лето, Ал Пачино, Селма Хајек и многу други.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 26 ноември.

 

Scroll to Top