Лејди Гага ја одложи венчавката

Лејди Гага, добитничка на „Златен глобус“ за улогата во „Американска хорор приказна”, веќе неколку месеци го промовира филмот „Ѕвездата е родена“. Пејачката воопшто не очекувала дека оваа римејк класика ќе привлече толку внимание и дека ќе биде толку популарна.

„Гага веќе неколку месеци не успева да се занимава со венчавката, за  која планира да биде огромна и гламурозна. Таа потекнува од големо традиционално семејство, и сите знаат дека ѝ се допаѓа работите да ги прави на висока нога, и поради оваа причина сè уште не може да се посвети на планирање на церемонијата“, изјави пријател на пејачката. Тој кажал дека таа наводно ја одложила венчавката заради филмот.

Гага беше во долга врска со актерот Тејлор Кини, со кого раскина во почетокот на 2017 година. Набргу потоа, таа влезе во романса со менаџерот Карина, кој е 17 години постар од неа.

Scroll to Top