Лејди Гага ќе заработи по 1 милион долари за секој концерт во Лас Вегас

Светската ѕвезда Лејди Гага потпиша договор со кој во следните 2 години ќе одржи 74 концерти во Лас Вегас. За секој од концертите таа ќе заработи по 1 милион долари.

Шоуто на Лејди Гага е замислено како „Енигма“, концерти со поп-музика, џез и пијано, а во него Гага ќе пее свои оригинални песни. Првиот концерт е закажан за 28 декември, пишува „Варајети“. Според нив, парите што ќе ги заработи Гага со секој концерт се двојно повеќе од парите што ги заработуваа Селин Дион и Бритни Спирс на своите настапи во Лас Вегас.

Scroll to Top