Лејди Гага подготвува џез-албум со легендарниот музичар Тони Бенет

Поп-ѕвездата Лејди Гага работи на својот нов студиски албум, џез-песни што ќе ги сними со легендарниот музичар Тони Бенет, откри Бен Рајс, долгогодишен пријател и продуцент на пејачката.

„Имам студио дома, работиме на нова музика од далечина иако Гага во моментот е во Италија“, изјавил Рајс за американските медиуми.

На почетокот на годината и Гага потврди дека нејзиниот албум со џез-дуети со Тони Бенет ќе биде објавен во 2021 година.

Пејачката во моментот е во Рим и го снима филмот „Куќата на Гучи“ во режија на Ридли Скот, каде што ја има главната улога заедно актерот Адам Драјвер.

Таа својот последен студиски албум „Хроматика“ го издаде во мај 2020 година.

Scroll to Top