Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш го подготвуваат најголемиот концерт од дома

Лејди Гага и организацијата „Глобал ситизен” собраа 35 милиони долари за борбата против коронавирусот.

Во рамките на ова, ќе се организира и специјална емисија, од дома,  каде што ќе учествуваат Стиви Вондер, Били Ајлиш и други познати пејачи, под наслов „Еден свет – заедно дома“.

Лејди Гага изјави дека парите ќе бидат наменети за Светската здравствена организација (СЗО).

– Пред сѐ, треба да ги славиме луѓето што се во првите борбени редови – здравствените работници!- рече Лејди Гага во видео-конференција денеска.

Пејачката потоа рече дека претстојната манифестација не е за собирање парични средства, туку, едноставно, за потенцирање на важноста на човековата издржливост и храброст – кога е најпотребно, да се остане дома.

Пол Макартни

Емисијата ќе се емитува на 18 април, а преносот ќе оди на телевизиите АБЦ, НБЦ, ЦБС, Ај-Харт-Медија и Бел Медија.

Домаќини на емисијата ќе бидат водителите Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел. Повеќечасовната програма ќе ја пренесуваат и стриминг-платформите Јутјуб, Епл, Фејсбук, Инстаграм, Твитер. Меѓу гостите се и Елтон Џон, Дејвид Бекам, Џон Леџенд, Еди Ведер, Кери Вашингтон, Крис Мартин од „Колдплеј“, Лизо, Џеј Балвин, Андреа Бочели и Малума.

Идрис Елба и негова сопруга Сабрина Елба, кои и двајцата се позитивни на коронавирусот исто така ќе учествуваат во специјалната емисија.

Били Ајлиш

 

Scroll to Top