Пејачката Лејди Гага деновиве за потребите на филмот „Ѕвездата е родена“ позираше топлес за насловната страница на магазинот „Ел“.
Неодамна Гага зборуваше во јавност и за својата борба со недостигот на самопочит. Таа на фотографиите ги покри градите со раце и ја покажа убавата линија. Фотографиите собраа преку милион лајкови на социјалните мрежи.
Филмот е на Бредли Купер, кој со него дебитираше како режисер, а вели дека својата ѕвезда ја пронашол на добротворна вечера за заболени од рак, каде што настапила Лејди Гага.
Откако отпеала неколку песни, Купер сфатил дека Гага е совршена за улогата, а пејачката набрзо потоа го поканила во нејзината куќа во Малибу за да ги договорат деталите.
„Зборувавме, јадевме шпагети и пеевме. Прифати да глуми во мојот филм под еден услов. Ми рече дека мрази сцени во кои се гледа дека глумците пејат на плејбек и дека од мене ќе создаде пејач ако јас од неа направам актерка“, изјавил Бредли.
Актерот потоа вежбал пеење цели 18 часа по шест часа дневно. Песната од филмот Shallow стигна на врвот на топ-листите, а синлот во Америка е преслушан преку 8,3 милиони пати.