Светската ѕвезда Лејди Гага откри дека се сршила со нејзиниот партнер Кристино Карино, нарекувајќи го „мојот свршеник“ на настан што го организираше модниот магазин „Ел“. 32-годишната пејачка и актерка доби награда како една од највлијателните жени во Холивуд, по што во својот говор ги потврди шпекулациите што се шират повеќе од три месеци. Гага и Карино се во врска повеќе од една година. За свршувачката тој ѝ купил прстен со розов дијамант.
Ова е втора свршувачка на пејачката, која претходно беше свршена за актерот Тејлор Кини, ѕвездата на серијата „Пожарникарите од Чикаго“.
Лејди Гага во моментов е актуелна со улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, каде што глуми заедно со Бредли Купер.