Лејди Гага се всели во станот на Бредли Купер

Лејди Гага неодамна се всели во станот на глумецот Бредли Купер во Њујорк, пишува Star Hit. Тие се повикуваат на а пријател на актерот, кој тврди дека двојката живее заеедно скоро еден месец. Наводно, Гага освен што донела облека и лични предмети, нарачала и нов мебел за станот, пишува магазинот.

„Брели е фокусиран на нивната врска која станува многу сериозна. Не се сомневам дека се заљубени. Тоа што Гага се всели во неговиот стан е само логичен чекор на тоа што им се случува. Откако Бредли и Ирина не се заедно, веќе немаат причина да се кријат“, рекол пријателот на Купер.

За потсетување, Бредли и рускиот модел, Ирина Шајк, се разделија неодамна по 4-годишна врска. Тие ја имаат ќерката Леа. Неколку месеци пред тоа Лејди Гага ја прекина нејзината веридба со менаџерот Кристијан Карино. Според американските медиуми, Гага е бремена, а татко на бебето е Бредли. Тие засега не ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

Лејди Гага е трудна од Бредли Купер

Scroll to Top