Лекарите мислеа дека ќе умрам па го викнаа семејството да се прости од мене, раперот Доктор Дре откри за периодот кога имал аневризма на мозокот

Познатиот американски рапер и продуцент Доктор Дре во поткастот Workout The Doubt кај Долвет Квинс откри дека минатата година имал аневризма на мозокот и објасни дека откако завршил во болница, лекарите мислеле дека ќе умре.

„Бев во болницата ‘Цедарс Синаи’, во време кога на пациентите им беа забранети посети поради пандемијата со коронавирусот. Но откако ми направија снимка, на моето семејство му дозволија да дојде. Подоцна дознав дека ги пуштиле да за им кажат дека нема да преживеам“, рече Дре.

„Заради работите кои се случувале во мојот мозок, мораа да ме будат секој час две недели. Мораа за да направат тестови. Не знаеја што е причината за крвавењето“, додаде тој.

Раперот призна дека за целото време се чувствувал исцрпено и дека постојано бил гладен. Објаснил дека не јадел речиси две недели и дека се обидувал да заспие веднаш откако лекарите ќе излегле од собата. Не бил свесен за сериозноста на ситуацијата.

„Се чувствував добро и сакав да си одам дома. Не се чувствував пријатно кога го гледав  целото мое семејство собрано околу креветот во болницата“, додаде музичарот.

Scroll to Top