Леонард од „Теорија на големиот тресок“ заљубен во двојно помлада девојка

Актерот Џони Галецки, познат како Леонард од серијата „Теорија на големиот тресок“, е во врска со 23 години помладата девојка Ален Мејер.

44-годишниот актер и 21-годишната девојка својата врска ја открија  на социјалните мрежи, а своето јавно деби како двојка го имаа на доделувањето на наградите на магазинот People.

Мејер се појави во краток црн фустан, додека Џони се одлучил да носи син костум.

Пред Алена, Џони бил во врска со колешката од хумористичната серија, Кели Куоко. Нивната романса траела две години, а ја прекинаа во 2010 година. И по прекинот останале во добри односи.

 

 

View this post on Instagram

 

Last night🤷🏻‍♀️

A post shared by Alaįna✨ (@alainamariemeyer) on

Scroll to Top