Леонардо ди Каприо донира 5 милиони долари за гасење на пожарите во Амазонија

Светската филмска ѕвезда Леонардо ди Каприо, преку својата организација „Алијанса за планетата“, ќе донира 5 милиони долари за гасење на пожарите во Амазонија и спасување на шумите, соопшти „Варајати“. Тој создаде т.н. Фонд за амазонската џунгла и неговата цел е да му помогне на локалното население во напорите да ги заштити и сочува дождовните шуми.

Според податоците собрани од „Алијансата за планетата“, во моментов се пријавени повеќе од 72.000 пожари во џунглата во Амазон, што е многу повеќе во споредба со минатогодишните пожари. Речиси две недели откако почнаа првите пожари, многу познати личности се ставија во одбрана на џунглата од Амазон и порачаа дека тие се „белите дробови на нашата планета и мора да се спасат“.

„Најголемата дождовна шума во светот е важен дел од глобалните климатски промени. Без Амазон не можеме да престанеме да ја загреваме Земјата“, напиша Ди Каприо на „Инстаграм“.

Scroll to Top