Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид биле видени во ист во хотел за време на модната недела во Париз

By

Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид биле забележани во ист хотел во Париз, неколку недели откако се шпекулираше дека се во врска.

dobivaj vesti na viber

Хадид била забележана додека влегува во „Ројал Монсеу“ за време на престојот на модната недела во Париз околу 22 часот по локално време, а актерот веднаш потоа влегол во хотелот.

По речиси три часа, актерот е виден како го напушта луксузниот хотел околу еден часот по полноќ, а Џиџи заминала неколку моменти по него. Иако не се знае каде заминала Хадид, актерот остатокот од ноќта го поминал со пријателите во неколку ноќни клубови пред да се врати во својот хотел.

Иако двојката допрва треба да ја потврди врската, Леонарко се чини дека и се придружил на Хадид на нивното прво заедничко патување додека таа работи во странство.

Актерот неодамна раскина со аргентинската актерка Камила Мороне, а медиумите Леонардо и Џиџи ги забележаа заедно во ноќен клуб во Њујорк.

Ќе ви се допадне