Леонардо ди Каприо ќе се жени со својата 23 години помлада девојка

By

Глумецот Леонардо ди Каприо и неговата 23 години помлада девојка Камил Морон ќе се венчаат, пренесуваат светските медиуми. Според порталот „Пипл“,  додека траела пандемијата со коронавирусот, глумецот поминал добар дел од времето со Камил.

Извор близок до двојката откри дека Ди Каприо сака да биде со неговата девојка.

„Тој обично е многу независен и поголемиот дел од времето го поминува со своите пријатели. Поради карантинот, сега во најголем дел е со Камил и сака да биде со неа”, вели изворот.

Друг пријател на глумецот вели дека двајцата се заедно 24 часа дневно и дека многу е веројатно во иднина да се венчаат.

 

Ќе ви се допадне