Леонардо ди Каприо, Ријана и Том Хенкс купиле карти за пат во вселената

By

Леонардо ди Каприо, Ријана и Том Хенкс се само дел од славните личности кои купиле карта за пат во вселената. Тие ќе патуваат со најбогатиот човек на светот Џеф Безос, како вселенски туристи. Една карта за пат во вселената ги чини 250.000 долари.

За во леталото на Безос досега се пријавиле околу 600 лица од 58 различни земји. Од познатите ќе одат и Бред Пит, Анџелина Џоли, Лејди Гага, Ештон Качер и други.

Карти во вредност до 250.000 американски долари резервирале приближно околу 600 луѓе од 58 земји, а на листата се наоѓаат ѕвезди како Том Хенкс, Кети Пери, Џастин Бибер и Леонардо ди Каприо. Голем дел од нив велат дека тоа им бил сон уште од детството.

Џастин Бибер (27) неодамна изјави дека би сакал да сними видеоспот во вселената, актерот Том Хенкс кој има снимано неколку филмови за мисиите на НАСА, е меѓу првите на списокот, а неговиот колега Ештон Кучер (43) ќе патува заедно со својата сопруга Мила Кунис (37).

Пејачката Ријана (33) наводно била опседната со вселената и затоа уште во 2013 година резервирала карта за вселенско патување. Иако во 2013 година вселената за туристи беше само далена приказна, токму таа година и актерот Ди Каприо (46) ја резервирал својата карта.

 

Пејачката Кети Пери (36) добила билет на подарок за нејзиниот 35. роденден од бившиот сопруг Расел Бренд, но не е познато дали таа му купила билет на нејзиниот нов партнер Орландо Блум.

За потсетување, Ричард Брансон (70) беше првиот милијардер кој замина во вселената, а Џеф Безос (57) чека на 20 јули да полета во ракетата на својата компанија „Блу Ориџин“.

Ќе ви се допадне