Пејачот Лиам Галагар и поранешен фронтмен на групата „Оејзис“ е снимен како ја фаќа за врат девојка си Деби Гвитер и пробува да ја задави, пишува британски „Сан“. На својот портал тие објавија кусо видео снимено аправена од хотелски сигурносни камери на кои се гледа дека двојката се кара, по што Лиам ја фаќа за врат.
И Лиам и Деби ги демантираа пишувањата на британскиот весник. Лиам објави и порака на „Твитер“ во која рече дека никогаш не бил насилен со својата девојка, но потоа во јавноста се појави снимката од хотелот.
Лиам во минатото секогаш зборувал само убави работи за Деби и ја нарекувал негов спасител, оти пред неа имал многу лоши и бурни врски. Корисниците на социјалните мрежи го нарекоа монструм, а на Деби ѝ порачаа да го остави и да не ги трпи неговите испади и лошиот карактер, оти на тој начин можеби ќе им помогне на девојки што минуваат низ истото.