Лиам Хемсфорт за врската на Мајли со жена дознал од социјалните мрежи

Австралискиот глумец Лиам Хемсворт за веста дека сопругата Мајли Сајрус има врска со жена, дознал од социјалните мрежи, тврди негов близок пријател. Тој за медиумите рекол дека, иако Лиам и Мајли решиле да се разделат и да размислат што понатаму, тој бил изненаден кога видел слики дека Мајли ја извадила бурмата и дека заминала на летување во Италија со нејзината девојка, Кетлин Картер.

Неколку дена откако во јавноста се појавија сликите на Мајли и Кетлин, Лиам на социјалните мрежи напиша дека на пејачката ѝ посакува само здравје и среќа, а неколку дена подоцна поднесе официјално барање за развод.

Од друга страна, Мајли откри дека неверство не е причина за нивната разделба.

„Кога Лиам и јас се смиривме, навистина го мислев тоа и му бев верна. Тука нема скриени тајни кои треба да се откриваат. Тоа го научив од искуството во животот. Не сум совршена, ниту сакам да бидам, здодевно е. Пораснав пред вас, но суштината е дека пораснав“, напишала таа.

Двојката беше во брак осум месеци.

Scroll to Top