Лијам Хемсворт поднел барање за развод од пејачката Мајли Сајрус

Ѕвездата од филмовите The Hunger Games, Лијам Хемсворт поднел барање за развод од пејачката Мајли Сајрус, пишуваат светските медиуми. Секоја надеж да се смират, падна во вода, велат нивни пријатели.

Лијам го поднел барањето за развод во Лос Анџелес, а како причина ги навел непремостливите разлики кои ги имал со неговата партнерка.

По веста за нивната разделба, сега извори блиски до двојката велат дека добрата работа во целата оваа ситуација е што двајцата потпишале предбрачен договор. Нема да има непотребни кавги околу парите.

Двајцата се договориле нивните фондови да не се мешаат. Тоа што двојката нема деца исто така го олеснува процесот околу разводот, кој може за кратко време да се спроведе, велат нивните адвокати.

„Лијам и Мајли решија да се разделат. Поради промените кои ги доживеале како партнери и индивидуи, двајцата одлучија дека засега е најдобро да се фокусираат на себе си и на своите кариери. И двајцата ќе останат посветени старатеи на нивните заеднички миленици. Ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие моменти“, пишува во заедничкото соопштение на Лијам и Сајрус, упатено до јавноста.

 

 

Scroll to Top