Лијам Нисон кога работел како наставник бил нападнат од ученик со нож

Актерот Лијам Нисон во едно од своите последни интервјуа за спортскиот канал ESPN, откри дека во минатото пред да почне да се занимава со глума работел како наставник во Њукасл во Англија.

Нисон откри дека често имало ситуации кога влегувал во конфликт со учениците и за да ги смири понекогаш морал да примени прекумерна физичка сила.

„Секогаш кога сте наставник ќе се соочите со пробеми со дисциплината кај учениците. Најголемиот проблем ми беше да ги смирам пред да почнам со предавањето. Имаше едно момче кое не сакаше да се смири, сакаше да ни смета на часот. Затоа го замолив да ја напушти училницата. Тој ми извади нож, а мојата реакција беше изненадувачки удар. Не требаше да го удрам, но во тие моменти се чувствував загрозено“, открил Нисон.

Актерот не го откри името на училиштето каде предавал, но медиумите пишуваат дека во седумдесетите години тој работел во школо во Њукасл, во Англија. Неговите две сестри се исто така учителки. Актерот вели дека отсекогаш ѝ се восхитувал на оваа професија. На крајот сватил дека е роден за нешто поинакво.

Во 1976 година се вработил во театар во Белфаст. Пред да биде препознат неговиот талент за глума, Нисон вели дека работел и како возач виљушкар, асистент на архитект и аматерски се занимавал со бокс.

Scroll to Top