Лили Ален ја изгубила невиноста на 12 години со пријател на татко ѝ: Кога дозна ме игнорираше и правеше шега од целата работа

Пејачката Лили Ален откри како ја изгубила невиноста кога имала само 12 години, а татко ѝ Кит Ален одма повикал полиција кога дознал за тоа. Ален која е мајка на две деца и е во брак со ѕвездата Stranger Thins Дејвид Харбор, во подкастот на Алан Кар, откри за најтрауматичниот период од животот.

„Ја изгубив невиноста со Фернандо во Бразил. Не се шегувам. Имав околу 12 години. Од тогаш никогаш повеќе не зборував со него. Моите мислеа дека сум се изгубила. Отидов во неговата хотелска соба“, рече пејачката, додавајќи дека таа преноќила кај него, пренесе „Дејли Мејл“.

„Кога се разбудив полицијата беше насекаде низ хотелот. Буквално ја пребараа целата плажа. Немав срце да им кажам дека ја изгубив невиноста. Тоа беше трауматично искуство за мене“, додаде таа, но не откри колку години имал мажот со кој спиела.

Дополнителна траума било тоа што имала секс со познатиот пријател на татко ѝ. Искуството го опишала и во книгата „Токму моите мисли“, во која го обвинила татко ѝ дека целиот настан му било шега.

Лили била испратена во хотелот да му ја врати фудбалската опрема на мажот по хуманитарниот натпревар кој го одиграл. Се сретнале во барот од хотелот каде ја почастил со пијачка, а потоа ја однел во собата.

„Имав 14, а тој 19 години, но мене ми изгледаше како некој од друга генерација. После тоа се чувствував смешно. Знаев дека тоа што се случи не е во ред“, рече Лили и призна дека била исплашена да му каже било што на татко ѝ. Кога дознал, тој ја игнорирал.

„Случајот го претвори во анегдота што им ја раскажуваше на пријателите. Правеа планови како да го уценуваат човекот. Татко ми го претвори мојот секс со момче кое едвај го познавав во шега и тоа ме направи да се чувствувам лошо“, рече пејачката.

Scroll to Top