Линда Еванџелиста се врати пред камерите по козметичката процедура што ја деформираше

Педесет и седумгодишниот модел Лида Евнаџелиста првпат се врати пред камерите откако козметичка процедура ѝ остави трајна деформација пред неколку години. Таа објави фотографија на социјалните мрежи од последната кампања на „Фенди“.

Еванџелиста лани откри дека се повлекува од јавноста поради неуспешниот третман на замрзнување масти попознат како криолиполиза.

„Причината поради која не работев повеќе од пет години е што останав брутално деформирана од процедурата криолиполизакоја го направи спротивното од она што беше ветено. Таа го зголеми бројот на масните клетки место да го намали, што ме направи непрепознатлива“, кажа Еванџелиста.

Еванџелиста, која важи за една од највлијателните манекенки на сите времиња, откри дека била на седум третмани со криолиполиза од август 2015 до февруари 2016, по кои ѝ била дијагностицирана ретка состојба наречена парадоксална адипозна хиперплазија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Scroll to Top