Линда Хамилтон од „Терминатор“ 15 години немала секс

Ѕвездата на филмот „Терминатор“, Линда Хамилтон (62), за магазинот „Пипл“ изјави дека цели 15 години немала секс. Таа вели и дека понудите за брак не ја интересираат. 

Во интервјуто, популарната Сара Конор откри дека ужива во осаменоста и дека по двата неуспешни брака би се омажила повторно само кога би ја запросил нејзиниот омилен уметник, 42-годишниот сликар Кехинде Вајли.

Нејзин прв сопруг беше глумецот Брус Абот, со кого беше во брак седум години. Потоа таа се омажи со режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, од кого се разведе во 1999 година по само две години брак.

Иако нејзината кариера стагнира со години, таа сега се враќа, со улогата во новиот „Терминатор“, филмот што ја прослави.

Scroll to Top