Лопез не ја интересираат трачеви, пејачката објави слики од запросувањето

Американската латино актерка и пејачка Џенифер Лопез вели дека не ја интересираат трачевите кои изминатиот период беа пуштени во јавноста за тоа дека нејзиниот вереник бејзбол играчот Алекс Родригез ја изневерувал.

Џеј Ло објави фотографија од моментот кога нејзиниот партнер ја запросил на плажа и вели дека максимално го искористиле моментот да уживаат во морето и сонцето.

Пејачката вели дека и покрај тоа што не е обична како повеќето жени и дека е навикната на скапи работи, сепак не успеала да одолее на големиот дијамантски прстен и вели дека тоа е поголем доказ од љубовта и добронамерните предупредувања на изневерените жени.

Претходно бејзбол играчот Хозе Кансеко, јавно обелодени дека неговиот колега ја изневерува Лопез со неговата поранешна сопруга Џесика Кансеко.

Кансеко порачал дека е подготвен да оди на детектор за лаги за да ги поткрепи своите тврдења.

 

View this post on Instagram

 

3.9.19✨♥️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Scroll to Top